ЕУ се крена на нозе за забраната на Ковачев, но со години молчи за навредите и заканите кон Македонија

Откако на еден од најголемите нагатори на македонската нација, европатеникот Ковачев не му беше дозволено пред 4 дена да влезе во Македонија, европските функционери се кренаа на нозе, осуди, извинувања и ред барања беа побарани од Македонија оти не му дала на европатеникот да дојде на гробиштата во Ново Село. Но кога токму Ковачев, неговиот колега во европскиот парламент Џамбаски како и нивниот довчерашен партиски шеф Каракачанов на јавна сцена ја негираа Македонија, реакции од ЕУ, речиси и да немаше, на што се должи ова? Поранешниот вицепремиер и амбасадор Боцевски вели вината да не ја бараме кај европејците туку во нашите институции, бидејќи на сите напади на Софија, македонското МНР и Влада останеме неми.

  • Станува збор за било каков изостанок на било каква официјална реакција на Министерството за надворешни работи, нашите амбасади, од премиерот, претседателот, од другите државни органи. Кога вие не реагирате на вавки провокации кои доаѓаат од Софија, кога не го викате бугарскиот амбасадор да му врачите протесна нота или барем демарш, кога не го викате амбасадорот на ЕУ исто така да му врачите нота или демарш околу овие навреди, тогаш се подразбира дека вие го прифачате тој наратив кој што доаѓа од страна на официјална Бугарија и дека тој не предизвикува бранувања во земјата. Без официјална реакција од официјално Скопје не можеме да очекуваме да се активира целиот систем на меѓународната заедница“ вели Ивица Боцевски – поранешен вицепремиер и поранешен амбасадор.

Боцевски вели целокупното отсуство на официјалните органи на Македонија на било каква реакција кога станува збор за било какво понижување, доведување во подредена состојба, или друга форма на напад врз Македонија е причина за тоа што ЕУ понекогаш не реагира за нападите на Софија.

Околу осудата од Европскиот парламент и Европската комисија, со став се јави и поранешниот амабасадор Марјан Ѓорчев.

  • Без разлика што тие се европски претставници, ние не смееме тие да го прекршуваат владеењето на правото и европското аки, со недостојни изјави кон било која држава. Ние сме кандидат членка од 2005 година и оттогаш чекориме кон ЕУ. Мецола и Вархеји имаат право да си го искажат мислењето, но нашиот пат кон Унијата е наш и автентичен. Не е битно дали некој официјален челник смета дека нашата постапка е правилна, битно е дали ние со постапката ја заштитуваме македонската држава“, потенцира Ѓорчев.

Инаку на 6ти мај на Ковачев не му беше дозволени да дојде во Македонија, на тоа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, лидерот на Европската народна партија Манфред Вебер и претседателката на Европската комисија, Роберта Мецола го оценија случајот како преседан. Порачаа дека ќе побараат јасно и официјално објаснување од македонските власти. Самиот европратеник се огласи во повеќе наврати и побара извинување од нашата земја.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста