Ескпресна одлука на Уставен за покачување на плати, но дали е така и за други иницијативи од висок профил?!

Закон и указ за употреба на јазиците, Закон за ратификација на Договорот од Преспа, како и Указот за истиот договор. Ова се само две иницијативи до Уставниот суд кои со години чекаат во фиока додека за платите на функционерите одлуката беше донесена за само четири месеци.

Од судот за Алфа тврдат дека по сите предмети се постапувало на идентичен начин.  

  • Судот дава подеднаков третман при постапувањето на секој предмет и во зависност од тоа кога секој судија-известител ќе го подготви и предаде предметот како готов, се става на дневен ред за одлучување“ велат од Уставен. 

За Законот за јазици и за Преспанскиот договор до Уставниот суд биле поднесени вкупно 18 иницијативи. Во двата случаи се одржани само подготвителни седници.

Оправданието на Судот, но и на претседателката, Добрила Кацарска, во оивеќе наврати беше дека предмети ќе се одлучува кога ќе бидат во полн состав зашто имале национално значење.

  • Поради нивното значење и сензитивност кои го имаат за граѓаните и државата, како и обемност во документација.  Токму поради решавање на предметите, но и да се избегне предмети да заостануваат поради недобиено мнозинство, претседателот на Уставниот суд во секоја прилика преку медиумите алармираше за состојбата и бараше комплетирање на Уставниот суд“ велат од Уставен.

Сепак, според Деловникот за работа на Уставниот суд единствена причина поради која може да се одложи одлучувањето е за прибирање дополнителни материјали и мислења.

Инаку, судот во моментов работи со 6 од предвидени девет судии. Процесот за избор е заглавен во законодавниот дом.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста