Ем без пруга, ем без пари: Македонија плати казна од 6,5 милиони евра поради (не)изградбата на пругата кон Бугарија

Ем сиромашни, ем неодговорни и недомаќини очигледно се докажаа функционерите на власта. Имено лани на Европската Банка за обнова и развој, Македонија и платила 6,5 милиони евра казна, во камати и трошоци, бидејќи не ја изградила пругата кон Бугарија, за што договорила заем и не го повлекла потоа. Станува збор за втората од вкупно три делници, кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

6,5 милиони евра. Толку Македонија платила казна лани на Европската Банка за обнова и развор, за неизградба на пругата кон Бугарија, за што договорила заем и не го повлекла потоа. Станува збор за втората од вкупно три делници, кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува ЈП за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, според кој повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од годината претходно.

  • „Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци. 

Инфраструктура овие пари и ги исплатила од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година. Инаку минатиот месец, Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата е 200 милиони евра, од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“.

Капак на се, поради невратени пари од владините ковид-мерки, Буџетот е оштетен за 23 милиони евра, утврдија ревизорите. Причина за оваа состојба е што институциите во Македонија не располагаат со целосни податоци по основ на вратена финансиска поддршка по корисници во утврдените рокови и износ во Буџетот.

Најкатастрофални податоци има за автопатот Кичево – Охрид. За овој автопат се позајмени 684,7 милиони долари, повлечени се 382,6 милиони долари, што донеле разни трошоци од дури 38,6 милиони долари. Ревизорите под лупа ставија 11 проекти, а резултатот покажува дека земени се кредити, потрошени се 58 милиони евра само за камати, провизии и казни за неповлечени средства, а патиштата никаде ги нема.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста