Елиминацијата на Серена Вилијамс во осминафиналето на мастерсот во Синсинати

Грчката тенисерка Марија Сакари го направи најголемото изнанедување во осмина финалето на Мастерсот во Синсинати откако ја елиминираше третатта носителка Серена Вилијам. Сакари славеше во три сета со 5:7,7:6,6:1. Таа во четвртфиналето за противничка ја доби осмата фаворитка  Џоана Конта која беше подобра од русинката Звонарева. Во четвртфиналето место обезбеди и Наоми Осака која убедливо славеше над украинката Дајана Јастермска.

На  машкиот дел од турнирот најинтересен меч во осминафиналето одиграа Стефанос Циципас и Џон Иснер, а на победа се радуваше грчкиот тенисер кој славеше во два сета кои ги доби во тајбрејк со 7:6. Цицпас за место во полуфиналкето ќе се соочи со Американецот Рајли Опелка кој го го елиминираше Матео Беретини. Милош Раониќ беше подбар од Енди Мареј и закажа меч со Филип Крајиновиќ кој забележа нов триумф овој пат над Унгарецот Фушович. Во четвртфиналето по лесната поебда над Томас Сандгрин стигна и првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ чиј следен противник ќе биде Германецот Штруф.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста