Експерти: Треба да се забрани „ТикТок“ во училиштата, зашто таму се гледа се, посебно најлоши работи

Јас сум да се забрани „ТикТок“ во училиштата, зашто таму може да види се, однсно работи кои се косат со Закон. Најлошите работи се гледаат таму, а децата сакаат тоа го применат за да бидат херои, вели за Алфа универзитетскиот професор Страшко Стојановски во емисијата „За или Против“. Проблемот да биде уште поголем е што, според експертите, сето ова го прават дел од децата кои се малолетници.

Но нее само „ТикТок“ проблем, тука има и еден куп работи на кои мора сериозно да се работи.

И да се забрани оваа апликација, децата, тие, ќе отидат на друга социјална мрежа, и пак ќе најдат начин да прават работи кои не се дозволени. Токму затоа, институциите мора да се разбудат сега, и веднаш и конечно да се работи со децата, со учениците.

Очекувам да има адхок решенија, и мора да ги има тие, за да има ефект на долг рок, велат експерти. Потребни се фази на истражување, и мора да има пилот прокети, кои ќе вродат со плод.

Што се однесува до маилот кој го објави министерството за образование, тешко дека ќе може да се стигне да се пријави, зашто, децата прво дома нема да кажат што се случило, а камо ли да се пријавува на маил. Проблем е и тоа што сериозно фали кадар, поседбо социолози и психолози.

Да не заборавиме дека имавме и самоубиства во дел од училиштата во Македонија, конкретно во школи во Скопје. Тоа се трагедии, кои во никој случај не смееме да си дозволиме да се повторат тие. Затоа мора да се работи со децата. Тие чувствуваат се, велат професорите.

Многу важно е и колку пари земаат наставниците, професорите. На пример во Финска, наставник зема повеќе пари од пратеник во Собранието, тоа мора да се знае. Кај нас тоа ни одблиску нее така.

Семејството е клучот за се. мора да се има социјализација. Недостасуваат образовани содржини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста