Експерти: Лажните ветувања на триото Ковачевски, Османи и Маричиќ се причина за блокадата на патот кон ЕУ

Власта ја обвинува опозицијата дека биле кочничар за влезот во ЕУ,а токму тие се причината што Македонија сега е во ќорсокак, велат дел од експертите. Посочуваат дека прифаќањето на францускиот предлог без претходна консултација со целокупниот општествен и политички пејсаж доведува до ситуација да заради ветувањата кои триото Ковачевски, Османи, Маричиќ ги дале, а не можат да ги исполат Македонија пак ќе остане заглавена.

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски вели дека во францускиот предлог кои владата го прифати стои дека ќе ги ставиме бугарите во Уставот, а реалноста е дека Ковачевски нема пратеници кои тоа ќе го изгласаат и токму затоа тие се причината што патот на Македонија ќе биде закочен.

  • Власта не можела да вети нешто што не може да го испорача, тие едноставно се надевале дека ќе направат завршена работа и дека ќе има невиден притисок од меѓународната заедница кој што на крај ќе доведе до кршење на опозицијата и нивно гласање за предложените уставни измени. Фактот дека тоа нема да се случи  се разбира дека ќе има поинаква разврска за Македонија во иднина“ вели Ивица Боцевски – поранешен вицепремиер и амбасадор.

Боцевски вината зошто најверојатно ќе останеме повторно пред портите на Унијата ја лоцира кај властите, оти немаат стратегија и прифаќаат работи кои не можат да ги исполнат, а со тоа штетата ја трпи државата.

  • Апсолутно се знае кој е виновникот, не може да се ветува нешто што не се поседува. Власта знаела дека нема 81 пратеник, а ветила, не може 61 пратеник да направат одлука која ќе обврзува 81 пратеници. Доколку власта сакала искрено да влезе во преговорите требала да направи една многу поширока преговарачка рамка и поширок тим кој ќе ја вклучува опозицијата“ вели Ивица Боцевски – поранешен вицепремиер и амбасадор.

Инаку премиерот Ковачевски ги прифати францускиот предлог минатото лето, истиот кој напрво го одби за потоа наводно со некакви измени да го прифати. Опозицијата предупредуваше да не се прифаќа предлогот, но власта остана глува на нивните барања. Со францускиот предлог Македонија меѓудругото се обврза да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста