Експерти за Алфа: Ковачевски треба да назначи одговорен во Правда или сма да преземе обврски

Брзањето за реализирање на договорот на Ковачевски и Таравари, за премиерот да ќари неколку пратеници плус ја стави Македонија во адимистративен вакуум простор. Министерства без министри, претпријатија без директори, а штетата ја трпат обичните граѓани.

Министерството за правда моментално нема ниту министер, ниту пак заменик, еврообвзницата пропадна оти никој потпис не стави.

Професорката Ана Павловска Данева за Алфа објаснува како сето ова можеше да биде избегнато, односно која е законската процедура за излез од ваква ситуација.

  • Во случај на разрешување или усвојување оставка на министер, согласно Законот за административни службеници, престанува и мандатот на државниот секретар. Конкретно, во Министерство за правда  моментално нема ниту едно одговорно лице односно функционер (ниту министер, заменик министер, ни државен секретар). Оттука, потребно е Владата како непосредно повисок орган да донесе одлука со која ќе овласти лице (на пример претседателот на Влада) да извршува одредени (не мора сите) надлежности кои му припаѓаат на министерот, а кои се од суштинско значење за работата на Министерството со цел да не се блокира целосно работата на тоа министерство“ вели Ана Павловска Данева – професор по административно право и јавна администрација.

Сега се наоѓаме во уште една ситуација каде што е потребен потпис од министерствто за правда, за затворање на бугарските клубови чии имиња не се променија иако имаа рок за тоа. Законски тие треба да бидат затворени, но потпис треба да стави министерот за правда, а министер нема. И професорот Давидковски на линија со Данева, со одлука на Влада премиерот може да ја преземе таа одговорност.

  • Он дал оставка он е веќе обичен граѓанин,колегава мој веќе е на правен факултет си држи настава, нема никакви ингеренции не смее. Или премерот да се овласти да ..или новиот министер да земе под право на надзор да земе да бара поништување на бугарските здруженија. Владата кого ќе овласти, по правило премиерот, ако владата го овласти, премиерот по право на надзор, ќе бара поништување на уписите“ вели за Алфа, Борче Давитковски – универзитетски професор.

Побаравме одговор од Владата зошто досега не е поставено лице кое ќе раководи со министерството за правда, но одговор до овие вести не добивме.

Ова не е прв случај каде минстер дава оставка и неговото место останува празно. Во владеењето на поранешниот премиер Заев се случи речиси иста ситуација каде оставка даде министерката за финансии, а тој ги презеде нејзините ингеренции. Останува отворено прашањето дали Ковачевски ќе ја преземе одговорноста да ги затвори бугарските клубови или за да се додвори на Софија, министерството уште ќе остане во вакуум простор.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста