Експерти: Даночните реформи може да предизвикаат економско цунами

И во вакви околности, при галопирачка инфлација и економска криза, владата најавува зголемување на даноците. Реформата која е планирано да почне да се применува од 1 јануари, предвидува повеќе нови и зголемени давачки. Експертите велат дека доколку ова се реализира би предизвикало катастрофа зашто стопанството и сега едвај преживува.

Зголемувањето на даноците во време на сериозна криза би предизвикало економско цунами и затворање на илјадници компании. Експертите алармираат дека владиниот план може да предизвика катастрофа, во вакви осетливи времиња може да се размислува само за даночни олеснувања, а не за даночни оптоварувања.

  • Тајмингот е погрешен. Мора да се одложи ова. Реакцијата на бизнисот нее случајна. Со оглед на тајмингот и условите во кои треба да се применат новите даночни политики, победници сигурно ќе нема. За бизнисот ова ќе значи зголемен даночен товар и зголемена ефективна даночна стапка, како резултат на проширувањето на даночната основа. Тоа ќе влијае на намалување на профитабилноста и на можноста за побрзо излегување од кризата притиснато од веќе познати политички, енергетски и здравствени причини“, вели Павле Гацов, даночен експерт.

Со ваквите потези на власта само ќе се зголеми сивата економија, а оние што уредно плаќаат даноци ќе се доведат до уште поподредена полжба. Експертите сметаат дека Владата не смее да го избира плесниот начин за дополнување на државната каса туку треба да се бори со нелегалната конкуренција, зголемените давачки би банкротирале дел од малите компании, а дел од големите би го префрлиле бизнисот во соседството каде трошоците се помали.

  • Очигледно е дека во буџетот фалат пари, и затоа се прави ова. Тоа ќе влијае на намалување на профитабилноста и на можноста за побрзо излегување од кризата. Затоа сега се оди со вакви мерки, значи се работи за фискални мотиви, и тоа не оди во прилог на сите“, додава Гацов, и додаде дека е против зголемување, но и за кратење на постојните даноци.

Реформата која е планирано да почне да се применува од 1 јануари предвидува нови основици за пресметка на ДДВ, данок на камати, укинување на повеќе даночни ослобдувања, како и работодавачите да плаќаат данок на дополнителното пензиско осигурување, животното осигурување и на приватното здравствено осигурување за работниците, што досега не беше случај.

Во игра се враќа и идејата за плаќање на придонеси за хонорораците, која пред неколку години наиде на жестоки реакции и протести. Експертите велат дека доколку ова се реализира би предизвикало катастрофа зашто стопанството и сега едвај преживува.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста