Економисти за Алфа: Не чека тешка зима, со поскапа струја и еден куп давачки

Струјата ќе поскапи, како последица на слабото работење на енергетските компании во Македонија, велат економисти за Алфа. Според енергетскиот консултант, Сања Божиновска, ова се должи на однесувањето на државата, која и натаму лежерно ја согледува енергетската криза, па така Македонија ќе плаќа скапа струја за да се истурка зимата. Божиновска вели дека производството на електрична енергија на Државните електрани било драстично намалено, а кражбите биле огромни.

  • Јас мислам дека неминивно е да се зголеми цената на струјата, мегјутоа проблемот во Македонија е намелено производство од 1ТW (милион мегавати) што е резултат на несовесно работење на „ЕСМ“, немање план и програма за енергетиката, несовесно работење – превземање нелегално струја од европскиот систем, односно од оператот „ЕНТСО“, недефинитани закони за трговците – кој ќе ги наплати милионските дебаланси, зошто нема систем кој функционира и ќе ја заштити државата и на крај, сериозна стратегија во енергетиката. Набавка на берза во Унгарија е се освен сериозен пристап. Да се престане да се прави дефокус со 17 ентитети кои трошеле струја, како и да нее нее сериозно од страна на државата, вели за Алфа Сања Божиновска, енергетски консултант, советник за енергетика.

Дека зимава ќе биде потешка од лани, со повисоки цени и без гас, потврди и првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски. Уверува дека постојат механизми со кои ќе спречи електричната енергија да поскапи за 30, 40 или пак 50%. Тој вели дека било рано да се каже колкаво ќе биде поскапувањето, но тврди дека социјална експлозија нема да се случи.

  • Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас, изјави за „Алсат“ Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ.

Според Бисломовски, за жал немаме добра ситуација, бидејќи не се гледа светлина во тунелот. Состојбата со енергетската криза уште повеќе ја влошува војната во Украина, вели тој.

  • Во моментов е многу тешко да се каже колкава ќе биде цената на струјата, од 1 јули или можеби од 1 август, бидејќи сè уште не сме добиле барања од сите компаниите. Цените на слободниот пазар се многу високи. И овој тренд продолжува и понатаму и според податоците што ги имаме и што ги гледаме од берзата е дека не се гледа светлина во тунелот“, изјави Бислимовски, за „Алсат“. 

Претходно, Европската банка за обнова и развој потврди дека ќе ги помогне државните електрани со 100 милиони евра. Кредитот наменет за надминување на енергетската криза ќе биде одобрен на 20-ти јули. Од банката информираат дека парите ќе се искористат за да се надминат сегашните кризи на пазарот со струја и да се зголеми отпорноста на енергетскиот сектор од системски шокови.

До крајот на месецов енергетските компании треба да ги достават пресметките за нивните трошоците кои директно влијаат во формирањето на цената за домаќинствата. Засега не се знае и колкав ќе биде уделот на струја кој државните електрани ќе го испорачаат на Универзалниот снабдувач. Паралелно, привршува изработката на новите правилници за нови тарифи за пресметка на цената на струјата. Домаќинствата кои трошат повеќе, ќе се тарифираат поскапо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста