Екологистите ја тужат американската влада поради „Спејс икс“

Вообичаен ден на Меѓународната вселенска станица. Тука се руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин.

Инженерите поминаа 7 часа надвор од вселенската станица преместувајќи радијатор за ладење на повеќенаменски лабораториски модул и инсталирајќи нова воздушна брава.

Двајцата ќе имаат и друга дополнителна работа следната недела.

Претходно, астронаутот на НАСА Стив Бовен и Султанот Алнејади од Обединетите Арапски Емирати исто така поминаа 7 часа подготвувајќи се за инсталирање на системот за производство на електрична енергија на станицата.

Двајцата ја подготвија вселенската станица за две нови соларни низи кои ќе се испорачаат оваа година на 28-та комерцијална мисија за снабдување на Спејс Икс до станицата.

Оваа недела, научниците за прв пат беа сведоци на умирачка ѕвезда слична на сонцето, која се прошири до таа мера што ја проголта блиската планета.

Научниците велат дека истото веројатно ќе се случи и со планетата Земја во дачечна иднина кога нашето сонце ќе се претвори во црвен џин… а тоа е за околу пет милијарди години.

Зборувајќи за Спејс Икс, приватниот вселенски џогернаут имаше пар успешни лансирања само неколку недели по делумно успешното лансирање на неговиот Старшип.

Но, овој лет на Спејс Икс од Кејп Канаверал на Флорида лансираше два сателити за телекомуникациската компанија СЕС, која вели дека нејзиниот хардвер ќе обезбеди широкопојасно поврзување низ целиот свет.

Спејс Икс, исто така, ја лансираше својата ракета Фалкон Хеви оваа недела, за која компанијата вели дека е меѓу најмоќните во светот. Спејс Икс вели дека мисијата на ракетата била да носи три сателити во орбитата.

Од, компанијата која ја лансираше „најмоќната ракета на светот“ најавена со голема помпа а која потоа експлодира веднаш по полетувањето, велат дека Спејс Икс сепак забележал победа.

Екологистите не беа импресионирани.

Групите за заштита во понеделникот ја тужеа Федералната управа за воздухопловство, поради нејзиното одобрување и лансирање во близина на национално прибежиште за диви животни во Јужен Тексас.

Лансирањето на Старшип фрли остатоци и шрапнели најмалку неколку стотици метри и запали речиси еден и пол хектари од блиската територија. Службата за риби и диви животни на САД соопшти дека со тоа се создал облак од прашкаст бетон кој се проширил на повеќе од 10 километри.

Еколошките групи бараат целосна студија за влијанието врз животната средина, што управата сè уште не го направила.

Основачот на Спејс Икс, Илон Маск, рече дека влијанието на лансирањето не би требало да има никаква „значајна“ штета по животната средина.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста