ЕИБ: Македонија е во криза, па граѓаните и фирмите бараат спас во задолжување кај банките

Граѓаните и фирмите бараат спас од кризата во задолжување кај банките и покрај поскапите камати. Најновиот извештај на Европската инвестициска банка детектира зголемено кредитирање, но и заострување на кредитните услови во Македонија, но и во регионот. Она што загрижува е што проекциите за наредната година е дека трендот ќе продолжи и ќе се зголеми, а условите нема да се подобрат. Извештајот на ЕИБ покажува дека во наредните шест месеци ќе се зголеми и бројот на нефункционални кредити, односно тоа се кредити кои не се отплаќаат редовно. Ваквиот сигнал е неповолен, па оттука и очекувањата на Европската инвестициска банка во Македонија да нема дополнителни затегања на кредитната политика, туку да се направат напори за олеснување на условите за достапност до финансии:

Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат“ – пишува во извештајот на ЕИБ.

Извештајот покажува дека во Македонија најпогодени од заострувањето на кредитните стандарди беа малите и средните фирми, но негативен ефект почуствувале и големите копмании. Зa 2023 година се предвидува пад на БДП на 3 проценти и забавена економска активност, но дека ќе расте побарувачката за кредити. Во Македонија ќе има зголемена побарувачка на потрошувачките кредити и на хипотеките. Според  економистите во ЕИБ , анкетата е важна за да се предвиди економската активност на земјите .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста