Едно покажуваат снимките, друго стои во анкетниот лист на Али Ахмети- го вози автомобилот на сопругата кој чини 7000 евра

Една нива во Република Албанија, една куќа во село Зајас и заштеда во банка од околу 760 илјади денари поседува првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Во анкетниот лист , Ахмети пријавил дека поседува земјоделско земјиште од 700 метри квадратни во соседна Албанија во вредност од 30.000 американски долари , куќа од 254 метри квадратни во вредност од 100.000 американски  долари во село Зајас и не навел како ги стекнал . Ахмети судејќи по анкетниот лист се вози во автомобилот на неговата сопруга Фолксваген Поло 2010 година кој чини 7.000 евра, а Ахмети очигледно не заработил ништо плус низ годините со оглед на тоа дека не се менува анкетниот лист.

Ама ако судиме по видеото кое го објави неговиот внук, и поранешен сопартиец Фатмир Лимани, Ахмети може да избира од луксузниот возен парк кој содржи бројни лимузини и џипови.

Токму тоа е и главното прашање што го поставува потпретседателот на движењето Беса во обавеното видео снимано од дрон – на чие име се водат овие куќи, објекти, парцели и луксизни автомобили и со кои пари се купени.

Во видеото во кое, како што се вели, се прикажува имотот на „Пашата од Зајас“ се наведуваат и бројни други имоти – во Тетово, во Скопје, во Албанија.

– Надоместокот на швајцарскиот суд, за злоупотребената пензија од Али бег, од кои фондови се враќаат средства?!

– 4.000.000 евра од Фондот „Национална слобода“ што останаа по војната, каде отидоа, кој ги зема, напиша Фатмир Лимани.

Првиот човек на интегративците се уште не се огласи на обвинувањата од неговиот внук, додека Лимани најави продолжение.

Инаку, неодамна во јавноста топ тема беше информацијата дека синот на Али Ахмети , Шкумбин Ахмети влезе во бизнисо за струја . Тој регистрира фирма за производство на електрична енергија . Шкумбин Ахмети стана одговорно лице на друштво за производство, трговија и услуги, како и сопственик на претпријатието за консалтинг, посредување, проектирање и инженеринг кое го извршило уписот со седиште во Зајас во сред енергетска криза  кога цените на струја рушат рекорди по берзите.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста