Едно лице загина, двајца се потешко повредени во сообраќајка на патот Штип – Кочани

Едно лице загина, а двајца потешко повредени, е црниот биланс од сообраќајната несреќа која се случи попладнево на новиот експресен пат Штип-Кочани. Во судирот помеѓу две товарни возила на лице место животот го загуби 62годишен велешанец кој го управувал пикапот, а двајцата беровчани кои биле во камионот со кој превезувале жито, со тешки телесни повреди завршиле во штипската Клиничка болница. Во акцијата за извлекување на повредените учествувале шестмина пожарникари..

„По добиената дојава во 13.30 дека на експресниот пат Штип-Кочани се случи тешка сообраќајка, со две возила и шест пожарникари излеговме на терен . Работевме на возилото во кое имаше повредено лице, а во другото возило за жал има починато лице„ изјави Дарко Коцев, командир на ТППЕ-Штип.

Како дошло до сообраќајката ќе покаже увидот направен од страна на обвинителот и полицијата. Поради несреќата експресниот пат Штип-Кочани одреден период беше во прекин.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста