Една третина од компаниите ќе се затворат ако не се намали цената на струјата

Секоја трета компанија размислува да стави клуч на врата ако не се намали цената на струјата или не добијат државна помош, покажува анализата на Организацијата на работодавачи спроведена на 125 фирми кои со струја се снабдуваат на отворениот пазар. Ваквото лошо работење се должи на скапата индустриска струја, која е за седум пати зголемена за разлика од пред неколку месеци.

  • Најпогодени од растот на цената на електричната енергија и другите енергенси се компаниите од преработувачка индустрија и трговијата, каде вкупните оперативни трошоци се зголемени и до 60%. Истовремено, овие компании, особено поголемите, се целосно изземени од досегашните директни мерки за поддршка на владата во форма на субвенционирана цена за струјата и пристап до поволни кредити за инвестиции во обновливи извори на енергија.

Поради сложената административна процедура, едвај една третина од компаниите успеале да започнат со сопствено производство на електрична енергија со сончеви панели.

Во насока на намалување на негативните ефекти од енергетската криза, Организацијата на работодавачи на Владата ќе и предложи нов пакет мерки. Клучната е за директно субвенционирање на струјата над одреден ценовен лимит, но ид руги суштински мерки:  

  • Од 100 или 200 евра за MWh, во зависност од финансиските можности на државата. Со овој пакет мерки меѓу другото се предлага и намалување на ДДВ за електрична енергија или ограничување на маржата за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Работодавачите бараат од владата и гаранции дека нема да ја менува законската регулатива, како и мерки со кои би се овозможила поголема флексибилност на пазарот на труд.Предлог мерките денеска ги слушна и вицепремиерот Фатмир Битиќи кој одржа состанок со компаниите но зад затворена врата.

Инаку, најголем дел од компаниите од преработувачката индустрија се изземени од владините мерки за субвенционирана струја и пристап до поволни кредити за инвестиции во фотоволтаици.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста