Еднаш македонски бугарин, друг пат етнички бугарин, кој е Петар Колев?

Основач и претседател на граѓанско здружение, основач и претседател на политичка партија, а се жали на наводна дискриминација. Ова накратко е профилот на Петар Колев, штипјанец кој некогаш се декларира како македонски Бугарин, а некогаш како етнички Бугарин.

Ако очекувате да учествувам во поделба на општеството и на македонското ткиво, не го очекувајте тоа од мене, изјави Петар Колев (01.12.2015)

Пред 6-7 години велеше дека во Македонија нема дискриминација, дека се почитуваат правата на малцинствата, но неговите ставови се менуваа како што се менуваше односот на Софија кон Скопје.

Политиките за кои се залага очигледно зависат од тоа од која страна дува ветерот кај источниот сосед.

Најпрвин велеше дека не бара внесување на Бугарите во Уставот.

.Каде во Македонија вие сте виделе во Уставот или некаде дека постојат Бугари? Каде сте слушнале вие некаква позиција на ГДУ дека се залага за некакви права на некого?, изјави Петар Колев –  претседател на ГДУ  (04.04.2021)

Помалку од една година подоцна дијаметрално спротивен став, откако од нигде никаде Уставот стана проблем за Софија, тој стана проблем и за овој македонски Бугарин.

Сите овие промени, според нас, треба да се случат пред почетокот на преговорите на Скопје за членство во ЕУ, особено промената во Уставот и внесувањето на Бугарите како државотворен народ, изјави Петар Колев – претседател на ГДУ (22.02.2022)

И откако македонско – бугарските односи го допреа дното, тој заедно со уште двајца претставници на македонските Бугари замина дури во Брисел за лично на еврокомесарот Оливер Вархеи да му се пожали дека во Македонија имало наводна дискриминација.

Алфа се обиде да добие одговори од Петар Колев на што се должи промената на ставовите, но и какви права наводно немаат Бугарите во Македонија, но тој не одговори на нашите пораки.

Но пред да почнеме да зборуваме сакате да зборувам на бугарски книжевен јазик или на македонски дијалект?, изјави Петар Колев (17.11.2013)

Партијата Граѓанско демократска унија е формирана пред точно пет години. На основачкото собрание присуствуваше и контроверзниот Ангел Џамбаски, еден од најголемите негатори на македонскиот народ. Партијата на последните парламентарни избори во 2020-та година освои 3.555 гласови.

Инаку Колев потекнува од Штип, основно и средно училиште завршува во Македонија, а факултет во Бугарија. Колев сега е и дел од екипата на БГНЕС.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста