Единаесет месеци министерот за здравство им ветува, а не ги прима пациентите со вештачко срце

Единаесет месеци пациетите со вештачко срце чекаат министерот за здравство да се одважи и без да ги залажува, конечно да ги прими. Додека чекаме трансплантација,живототбуквално ни зависи од батерии и 5 метри кабел-вели претседателот на здружението “Храбро срце” кој на сите можни начини скоро цела година се обидува да дојде до ресорниот министер откако е седнат во фотеља.

-Стапивме во контакт, јас лично со неговиот кабинет ми предложија да се сретнам во Охрид од нога да кажам народски на 13 октомври, но средбата не треба да се случи в кафеана туку во неговиот кабинет. Дури имавме и  две средби закажани  со точно време, јас се појавив на лице место во најголемата ковид криза, но за жал министерот не можеше да не прими, изјави Васко Јолески, претседател на здружението „Храбро срце“.

До сега 10 пациенти ја изгубија шансата за живот, додека чекаа трансплантација на срце. Застрашувачка е информацијата дека бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојче на 13 годишна возраст. Крајно време е надлежните институции да превземат одговорност и да и помогнат оти секој ден и гледаме на смртта во очи вели Јолески. Пумпите кои кај 20-те пациенти ја заменуваат работата на срцето, откажуваат и се во критична состојба.

-Знаеме дека ќе легнеме, не знаеме дали ќе се разбудиме пред се’ поради енергетската нестабилност во државата.Не само сега поради кризата,туку секако електроенергетскиот систем ни е трул во државава.Ние мора да сме цело време на штрек ако случајно снема струја да мора се приклучиме на батерии или на друг извор на енергија генератори или кој како ќе се снајде, изјави Јолески.

Има пациенти кои пумпите ги носат и по 4 години а гаранцијата од самиот производител е до 5 години. Овие уреди кога нам ни се монтитани кажано ни е дека се мост до трансплантација,истакнува Јолески кој обелодени и дека промената на батериите за пумпите кои требаше да ги покрие Фондот за здравство а чинат по 100 евра една,ќе си ги платат сами од свој џеб.До сега во Македонија не е направена нити една замена на вештачка пумпа со срце од донор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста