Евтини бугарски пасоши како карта кон Европа- откриено како Софија сака да ги бугаризира Македонците во Албанија

Софија ги присилува Македонците од Албанија да се потпишат како Бугари. Им дале евтини бугарски пасоши за со нив полесно да заминат кон Европа. За таа цел формирале бугарски здруженија кои за разлика од Албанците на кои им наплаќаат 15 илјади евра за пасош, на Македонците за да се пишат Бугари им земале по 2 до 3 илјади евра. Остри реакции од македонските здруженија во Албанија по најавата дека во Мала преспа, Голо Брдо и Гора немало Македонци, туку бугарско малцинство.

Единствениот Македонец пратеник во бугарскиот Парламент, Васил Стерјовски за А1он ја објаснува шемата со која бугарите вештачки сакаат да ги бугаризираат Македонците. Според него, Бугарите сега биле лути затоа што и покрај тоа што им дале евтини пасоши на пописот, луѓето се пишале како Македоенци, односно само еден човек се пишал како бугарин. Како одмазда сега Бугарите ја успориле процедурата за вадење на нивни пасош.

-Откако ќе му ги земат парите на сиромашниот граѓанин, од амбасадата го уценуваат дека мора да се декларира како Бугарин. Тоа ги надминува ингеренциите на една амбасада во една земја и може да се толкува како директно мешање во внатрешните работи. Ние алармиравме до власта дека Бугарија преку пописните комисии во регионите ќе прави притисоци. Сега имам нови информации дека и јавното обвинителство покренало истрага за бугарските пасоши, изјави Стерјовски.

Покрај Стерјовски реагираше и Никола Ѓурѓај, Македонец од Албанија и прв човек на здружението Илинден од Тирана. Вели во Албанија има Македонци и никогаш немало Бугари, оние кои така се декларирале тоа го правеле за пари.

-Тие кои се декларираат како Бугари во Голобрдо и Гора во Албанија, знаат и самите дека се Македонци, но тоа се лица кои поради материјални интереси сега шират антимакедонска пропаганда, а сето оваа е поврзано и со севкупните состојби помеѓу Македонија и Бугарија, и притисоците на Софија за булгаризирање на Македонците, изјави Ѓурѓај.

Ова доаѓа откако претходно Хаџи Пируши претседателот на бугарското здружение во Албанија проспертите, кажа дека реоните во источна Албанија не биле населени со Македонците, туку со Бугари.

-Поделбата на Голо Брдо и Гора во посебни општини ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија. Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. А, во општините немаме претставник од нашиот народ, изјави Хаџи Пируши.

Од ова здружение тврдат дека во Голо Брдо и Гора е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско. Организациите ги обвинуаат македонските тамошни организации дека го загрозуваат движењето за прашањето за поделба на општините.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста