Европското знаме – решение за сите проблеми на СДСМ и ДУИ во Собранието

Од година в година се зголемува бројот на носење и предлагање закони со европско знаменце или по скратена постапка во Собранието. Злоупотребата на алатките за услогласување на македонските закони со законите на Европската Унија, власта си ги користи за да си протне закони за кои им се брза или пак оставаат простор за сомнеж за корпуција, сметаат дел од аналитичарите.

Директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Кржаловски вели дека примерот за законите за Бехтел и Енка, кои ќе се носат со европско знаменце, а се целосно надвор од законодавството на Унијата е само еден од низата примери каде се злоупотребува знаменцето.

Прашање на што се должи тоа, едно може да е неинформираност или неспособност на одговорните лица во министерствата, вклучително и министрите, желбата за побрзо да се завршат работите иако токму тоа е спротивно на она што ЕУ е, а тоа е постапки, процедури за сите еднаков пристап, За жал нашите политичари се полни усти ЕУ, но кога треба да ги направат работите како што треба во ЕУ тешко им оди сето тоа. Тоа дава големи сомнежи и за коруптивни дејности, бидејќи ако се сака некоја работа да се помине не по вообичаената постапка или има причина за некакво брзање, а не сме во итна ситуација како што бевме во Ковидот или како што бевме во конфликтот, за да има посебна причина за таква итност или има можност за коруптивни зделки таму. За жал се повеќе тоа станува пракса, наспроти она што ЕУ го предвидува, вели Александар Кржаловски – МЦМС.

Тој вели дури ни претседателот Бајден во Америка не го користи совоето уставно право за да заобиколи процедури, оти знае дека треба да разговара со опозицијата, а кај нас власта како оправдување го користи тоа што опозицијата блокирала. Кржаловски вели, поентата е да се разговара со опозицијата за да се изнајде решение, а не да се заобиколува. Кржаловски дециден повеќе од половина од законите кои се предложени минатата година не се со редовна постапка.

Ние во МЦМС следиме на годишно ниво за сите постапки во Собранието за законите и за жал тенденцијата на употреба или би рекол злоупотреба и на скратена постапка и на европско знаменце од година во година се зголемува. Во 2022 година дури 60% од законите поднесени од министерствата до Собранието се со скратена постапка и она што ние особено го следиме, а тоа е можноста за консултација со граѓанските организации односно поставувањето на “енер” системот за консултации со граѓаните само во 30% се испочитувани, значи огромен дел , две третини не се ни ставаат на расправа иако и тие што се по скратена постапка имаат обврска да бидат поставени и барем 20 дена да бидат консултирани со сите заинтересирани, вели Александар Кржаловски – МЦМС.

Законот за Бехтел и Енка кој власта го постави со европско знаменце, допре и до ушите на Европската Унија кои упатија загриженост зошто тоа се прави. Години наназад меѓународната предупредува за злоупотребата на знаменцето. ВМРО-ДПМНЕ долго време реагира дека владата на СДСМ и ДУИ редовно протнува закони како законот за судии и јавни обвинители, законот за игри на среќа, закон за агенција за разузнавање, закон за опојни дроги итн, кои се со еврпско знаменце, а воопшто нема потреба за тоа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста