„Европски пат на РСМ“ – новата партија во Македонија која ќе се грижи за правата на Бугарите

„Влада во сенка“ како резултат на незадоволство од работењето на Илинденска – Алијансата на македонски Бугари отворено зборува дека формира своја влада во Македонија. Освен кабинет во сенка, формирале и партија, наречена „Европски пат на РСМ“ која, како што вели нејзиниот претседател – Драган Цветковски ќе работела активно и институционално.  Цветковски ги повикува сите политички партии и заедници во Македонија да дадат поддршка на оваа идеја, бидејќи како што тврди  единствената вистинска насока за Македонија е Европскиот пат.  

  • Од Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика, на спроведување на реформите во сите сигменти. Самата политичка партија „Европски пат“ планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи. Политичката партија Европски пат почнува со иницијативата „Влада во сенка“. Затоа ги повикуваме сите политички субјекти во РСМ како и сите граѓаните од останатите етнички заедници активно да ни се приклучат во сеопшто движење за национално единство и спас, и за формирање на „влада во сенка – Европски пат““ вели Драган Џветановски – Претседател на АМБ – ДНЕС .

Освен влада во сенка, партијата има амбиции да стане и парламентарна.. Бараат  пратеник од постоечкиот состав на македонското собрание, кој би бил задолжен за правата на Бугарите во Македонија. Претседателот Цветковски цени дека Собранието вооошто не функционира, бидејќи не им одговориле на нивното барање – некој од пратениците да ги застапува интересите на бугарската заедница.

  • Алијанса на македонски Бугари, во јули 2022 година поднесе молба до Собранието, за назначување на в.д. претеник од редот на бугарската заедница. Молбата беше до Комитетот за односи меѓу заедниците, кој би се бирал до веќе постоечките пратенички состав. Во октомври 2022 година, поднесена е и ургенција на самата молба, но ниту од собранието ниту од пратениците до ден денес не добивме повратен одговор. Соочени со фактот дека пратениците и Собранието во изминатава година и половина, воопшто не функционираат. Потреба за формирање на политичка партија на самата бугарска заедница е оправдана и неопходна“ вели Цветановски.

Политичката партија која ја формира Алијансата на македонските Бугари, активно ќе се залагала и за брза интеграција во Европската Унија, затоа што, како што вели Цветковски  – европските граѓани во Македонија сакале да ги почуствуваат придобивките од членството во Унијата.   

Влада во сенка“ како резултат на незадоволство од работењето на Илинденска – Алијансата на македонски Бугари отворено зборува дека формира своја влада во Македонија. Освен кабинет во сенка, формирале и партија, наречена „Европски пат на РСМ“ која, како што вели нејзиниот претседател – Драган Цветковски ќе работела активно и институционално.  Цветковски ги повикува сите политички партии и заедници во Македонија да дадат поддршка на оваа идеја, бидејќи како што тврди  единствената вистинска насока за Македонија е Европскиот пат.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста