Европските институции немаат разбирање за обидите на Бугарија да ја претстави Македонија како дискриминатор

Откако Македонија покажа заби и владата под силниот притисок на македонската јавност малку ја заостри реториката односно однесувањето кон Бугарија, Европската Комисија го смирува тонот, па обидите на официјална Софија да ја претстави Македонија како држава која врши терор врз Бугарите стануваат без успешни.

Ова може да се протолкува како јасен знак, дека попустливата политика која ја почна Заев,а ја продолжи Ковечевски била погубна и токму нивнте преседани се причината за состојбата во која денеска е Македонија, односно дека премисата наведната глава сабја не сече, во оваа ситуација е погрешна.

Од Европската комисија за БНТ велат дека внимателно ги следат односите меѓу двете држави и повикуваат на дијалог, а не тензии.

Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензии“, истакнале од ЕК за БНТ.

Обидите на Софија за оцрнување на Македонија сепак не престануваат… вчера Радев во Брисел му се жалел и на францускиот претседател Макрон дека во Македонија се водела антибугарска кампања, најверојатно надевајќи се дека ќе успее да добие дополнителен ветер во грб од европските институции за исполување на нивните барања во Македонија. Бугарските медиуми ја пренесоа веста за средбата меѓу Радев и Макрон.

-Последната антибугарска кампања во Република Северна Македонија, која доведе до голем број злосторства од омраза – подметнување пожар и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и одговорноста на институциите во земјата, нагласил Радев.

Тој потсетил дека и Бугарија и Македонија ја прифатиле преговарачката рамка предложена во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, а „вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија бил задолжителен чекор пред почетокот на преговарачкиот процес“. Она што изостанува во тоа што го пренесуваат бугарските медиуми е одговорот на Макрон, односно дали францускиот претседател, воопшто и ја прокоментирал оваа изјава на Радев.

И додека Бугарија се жали пред меѓународниот фактор дека Бугарите наводно се дискриминирани, им се врши тортура, се жртви на агресија, Советот на Европа пресече – нема системска дискриминација на врз малцинствата. Пред да биде усвоена Резолуцијата за Македонија која се однесува на правата на малцинствата, на Комитетот на министри на Советот на Европа, Бугарија инсистирала да бидат вметнати и нивните амандмани дека во Македонија има дискриминација, но тоа не поминало.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста