Д-р Митрев пречекан со извици и транспаренти од оштетените – судењето одложено за 12 мај

Се одложи и второто судско рочиште на обвинетиот доктор Жан Митрев. Неговиот адвокатски тим не успеал да направи увид во предметот. Митрев пред судот освен од  новинарските екипи, беше дочекан од роднини на пациенти кои починаа во неговата клиника по примена на методот хемофилтрација за лекување од КОВИД 19.

Половина час пред закажаното судење, семејствата дојдоа пред Кривичниот суд со фотографии од починатите и транспаренти на кои пишуваше „Профитер на грбот на болните од ковид!“, „Хемофилтрациите ги убија нашите најмили. Бараме одговорност!“, „Бараме максимална казна за Жан Митрев“. Доктор Митрев кој е обвинет за измама на пациенти, не можеше да ја избегне средбата. Тие останаа пред судот и додека обвинетиот беше внатре и чекаа да го слушнат исходот од рочиштето.

Со реакција се јави клиниката „Жан Митрев“.

„Организирање на луѓе со транспаренти кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено е најостро уривање на правдата и одземање на правото да се докаже вистината и невиноста, ова не е правно оружје и на ваков начин се спречува вистината“, велат оттаму.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста