Дупките во законот прават дупки во колективното здравје: МОН нема решение за запишувањето на првачиња кои ги немаат примено редовните вакцини

Задолжителното образвоение наспроти задолжителната вакцинација. Министерството за обрзование без конкретни одговори на ниту едно прашање од Алфа – како ќе го решат проблемот на уставните и законские дупки и контрадикторности. Надлежните ниту знаат колку деца ќе се запишат без да ги примат сите вакцини, ниту пак дали некој останал или ќе остане незапишан.

Согласно Законот за основното образование, меѓудругото,  за упис на дете во прво одделение, родителот односно старателот е потребно да приложи потврди за примени задолжителни вакцини. 

Сепак, родители успеваат да ги запишат своите деца и тоа без да ги имаат примено сите задолжителни вакцини. Самите тие јавно сведочат за ова на социјалните мрежи. Како и сите други и тие доставуваат потврда за вакциналниот статус на детето, а во таа пишува дека детето ги нема примено СИТЕ вакцини.

Родителите се повикуваат и на Чл 44 од Уставот со кој се гарантира дека основното образование е задолжително. Но на овој член од Уставот му пркоси Чл 39. А во него пишува:

ЧЛЕН 39 ОД УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Според епидемиолозите, губењето на чуство на заедништво и општествен интерес не’ враќа децении наназд , со ризик да се вратат болести за кои мислевме дека сме ги оставиле во минатото.

Морбилите, малите сипаници се најреалниот ризик… но најстрашно е што задолжително секое дете кое заболува од морбили се соочува со т.н. имунилошка амнезија. Бришење на целиот претходно стекнат имунитет против други заразни болести. Тоа значи дека по прележување на морбили децата повторно мораат да се соочуваат со микроогранизми да заболуваат или повторно да се вакцинираат. Јас не знам, има ли родител што со мирна душа ова би го дозволил за свое дете, прашува епидемиологот Д р Драган Даниловски.

Како резултат на нискиот број на вакцинирани деца Министерството за здравство заедно со Свестската здравствена организација од април годинава спроведува теренска едукација и вакцинација во над 120 населени места.

Во рамки на кампањата „Од врата до врата“, заклучно со третата недела, вкупно се посетени 2.053 семејства, заедници и собиралишта на лица, при што се одржани едукативни разговори, предавања и поделени се над 5.000 материјали. Досега се аплицирани 481 доза на рутински вакцини на деца кои од различни причини ги пропуштиле дозите од  редовниот календар за имунизација, велат од МЗ за Алфа.

Македонија е втора во Европа по бројот на невакцинирани деца. Полоша од нас е само Молдавија, а ние второто место го делиме со Босна и Херцеговина.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста