Дукоски за Алфа: Рускоска не смее да се јавува во странски амбасади, ја прекрши Виенската конвенција

Виенската конвенција не важи за Вилма Рускоска. Однесувањето на обвинителката е и повеќе од скандалозно смета правната фела. Барањето помош од странските амбасади е прекршување на конвенцијата од Виена за меѓународни односи. Адвокатот Сашо Дукоски, прашува како е можно обвинител на татка висока функција да не ја знае оваа конвенција. Во разговор за Алфа изразува зачуденост како Рускоска можела да го направи овој потет.

Постои виенска конвенција за дипломатски односи, значи амбасада во никој случај не смее, ниту се меша во било каква правна работа на земјата домаќин. Тоа е во конкретниот случај Република Македонија. Мене не ми е јасно обвинител на таква врвна функција тоа да не го знае и таква леснотија да се обраќа до орган до амбасада на странска држава да интервенирала, вели Дукоски за Алфа.

Прекршувањето кое го сторила Рускоска со јавувањето во амбасади, е напишано во членот 41, став 1 од Виенската конвенција.

-Ненавлегувајќи во нивните привилегии и имунитети, сите лица кои уживаат привилегии и имунитети се должни да ги почитуваат законите и прописите на државата која се акредитирани. Тие, исто така, должните да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава, се вели во член 41 став 1 од Виенската Конвенција.

Дукоски вели дека евентуална реакција на дипломатските преставници би значеле дека Македонија повеќе не е суверна земја, туку протекторат.

-Како тоа ќе се мешаат, во суверена земја ќе се мешаат. Првото такво мешање ви вели вие не сте способни да имате суверена држава, вие сте протекторат и ние сега ќе ви кажеме како треба. Тоа би било пораката од евентуално мешање на некаква странска амбасада. Сметам дека се работи за сериозни демократски земји, вели Дукоски. 

За потезите на Рускоска реагираше и Митко Чавков, кој по нејзино обвинение и предлог доби речиси две децении затвор. Вели ваквиот потег на обвинителката е доказ за нејзиниот страв поради сите политички нарачани обвиненија, слугувајќи на секоја досегашна власт.

-За политички КОНСТРУИРАНОТО обвинение за 27 април и за судскиот процес во кој ја имаше клучната извршителска улога мене и еден дел од претходно обвинетите според политичката ждрепка не прогласивте за државни непријатели. Нема да зборувам за квалификацијата, нема да зборувам за незаконитостите во преткривичната постапка, за незаконските притвори, за ПРЕКРШУВАЊЕТО на правото на фер судење, за заканите и уцените према сообвинети ДА СВЕДОЧАТ лажно против мене доколку сакат да бидат ослободени. Не, нема да зборувам за тоа, се’ до изјаснувањето на Врховниот суд, до завршувањето на последната инстанца, напиша Чавков во писмото.

Реакциите Русоска до странските амбасади дојдоа откако директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми соопшти дека во понеделник ќе поднесе кривична пријава протви Рускоска и две нејзини колешки, поради злоупотреба на службената положба и фалсикување исправа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста