ДУИ со две просвали за својот роденден: По војната Албанците станаа господари во нивната куќа 

Албанците станаа господари во нивната куќа, господари на сите вредности,  се пофали Али Ахмети на прославата на 21-от роденден на ДУИ. Со зелена декорација за пречек, самопроглесаната зелена партија, како никогаш  досега поделена го прослави своето основање. Имаше две прослави, едната организирана од Ахмети и Груби во Скопје, другата од Изет Меџити, Муса Џафери и фракционери во Тетово. Говорејќи пред едното партиско крило Ахмети се фалеше од која причина започнале и што постигнале во воениот конфликт во 2001-вата година.

-Ние успеавме заедно да го прмениме правниот и политичкиот сатус на Албанците, од надлгласани, маргинализирани во господари на нивната куќа, господари на сите вредности, национални вредности. Војната не ја направивме за да поделиме власт со другите, војната ја направивме за да бидеме еднакви, војната ја направивме за да ги направиме големите промени, изјави Ахмети.

Спротивно од пораките и критиките кои што ни пристигнуваат од Брисел, Ахмети помалку и нереален оптимист, ќе сме влезеле во Европската Унија најдоцна до 2027-та.

-Сега јас сум убеден, ако некогаш сме мислеле дека 10 години ќе требаат за членство во ЕУ, јас би рекол дека ние за три до четири години ќе бидеме членка на ЕУ, изјави Ахмети.

По оптимизмот на Ахмети удри неговата гостинка, која седеше до него, Радмила Шекеринска. Порача дека сме се лажеле дека внесувањето на Бугарите во Уставот ни е единстваната обврска на европскиот пат.

-Само изјавите, ништо да не знам повеќе, само изјавите за она што се случува во судство, јас се плашам дека сами себе си копаме следна дупка и дека ако молчиме за тие теми стануваме соочусници, изјави Шекеринска.

Шекеринска порача и дека треба да се разберат и оние кои се противат на уставните измени. Вели тоа не се луѓе кои не ја сакаат Евроспката Унија, туку дека се луѓе кои стравуваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот, нема да биде последното условување за Македонија.

-Најголемиот дел од тој отпор, доаѓа од стравот дека ова не е крај и тој страв не е нереален, ај да си кажеме исто отворено. Ние поминавме минативе години прво одлагање на одлуката, зошто Холандија не беше спремна да поддржи зелено светло за Албанија, па потоа француското барање да се одложи методологијата заради новата одлука, па бугарско вето, Шекеринска. 

На прославата во Александар Палас, во Скопје не беа поканети фракционерите, па тие си организираа своја во Тетово. Од таму испратија жестоки критики кон Артан Груби и како што ги нарекоа „артанистите“, кои сметале дека не е време кога ќе се отвори Уставот, да се избрише одредбата 20 проценти.

-Ние како прво сметаме дека изборите во сите ограноци што сега ќе се одржат не се легитимни и можеме да констатираме дека и другите што се избрани на овој пат, еден член еден глас, се нелегитимни, антистатутарни, изјави Саранда Имери која е дел од фракционерите.

Инаку, вечно владејачката ДУИ, која сега ги преживува своите најтешки моменти на поделеност, во своето 21 годишно постоење цели 19 години е дел од власта. Во опозиција беа само од 2006-та до 2008-ма, кога иако победија кај албанскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ тогаш формираше Влада со ДПА на Мендух Тачи.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста