Државната матура ќе се одложи?! Испитниот центар не отстапува

Вработените штрајкуваат, власта ги игнорира, а уичениците стравуваат. Ќе има или не државна матура на крајот од годинава и натаму е неизвесно. Штрајкот во Државниот исптен центар кој трае со недели и натаму е без епилог. Но проблемот е што ако не се реши, цената ќе ја платат учениците, посебно оние кои планираат своето образование да го продолжат во странство. Вработените во државната институција не попуштаат и инсистираат платите да им се зголемат но засега договор нема.

На последниот состанок во министерството за финанси единствено што им било понудено било К-15 и покачување на платите од 2.000 денари но само за половина од вработените. Но како што велат од испитниот центар тоа законски им следувало.

Синдикатот е разочаран од односот на надлежните институции и велат дека нема веќе да покренуваат иницијатива за решение на проблемот.

  • „Понудата беше К-15 и линеарно покачување од 2.000 денари за половина од вработените. А кај нас се веќе половина во минималец. Повеќе нема да даваме никакви решенија од наша страна. Сфативме дека ние повеќе се грижиме за децата, отколку државата што се грижи. Единствен заклучок до којшто дојдовме е дека оние коишто работат многу во оваа држава се најмалку ценети. Навистина е трагично што власта дозволи сите добри професионалци да си одат од институциите и што дава негативен пример на младите“, изјави Емилија Бошковска, синдикат на ДИЦ.

Од Синдикатот реагираат дека е неприфатливо да има 78% зголемување на платите на функционерите, а само за 30 вработени кај нив да не се најде решение. Предуопредуваат дека нема да попуштат на опритисоците и укажуваат дека со секој обид на надворешно лице за влез во просториите кој е инаку забранет, се нарушува веродостојноста на матурата.

Министерот за образование Јетон Шаќири последно изјави дека државна матура мора да се полага на 27 мај, а за процесот да се реализира, ако е потребно, ќе се вклучат и вработените од МОН.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста