Државата наместо да штеди, троши без усул за време криза, економистите апелираат на сериозност

Државата троши без усул за време на економска, енергетска, здравствена и секаква криза. Познавачите на состојбите постојано алармираат да се зауздаат непотребните тршења, но по се изгледа сите аплеи се бадијала. За време на беспарица се куваат скапи луксузни коли, државата слабо вложува во лошата инфраструктура, плаќа казни и пенали и на големо се задолжуваме на сите страни.

Последна во низата е огромната казна од 6,5 милиони евра, кому лани Македонија платила на Европската Банка за обнова и развор, за неизградба на пругата кон Бугарија. Станува збор за втората од вкупно три делници, кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку коридор 8. Ова стои во годишниот извештај на „Железници“ инфраструктура, според кој повторно паднале во загуба од 5 милиони евра.

Дека незаконски се трошеле државни пари за време на пандемијата со Ковид 19 потврдија и од Центарот за граѓански комуникации. Велат дека само минатата година, здравствени институции купувале медицински производи и по пет пати поскапо од реалната вредност на производите. Се купувале дури и луксузни коли со скапа боја и фул опрема.

  • И натаму има големи разлики во цените за исти производи, набавени во ист временски период, што се движат и до 500 отсто, при набавката на реагенси, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата што содржи ризик од плаќање високи цени за реагенсите и можност за корупција, а постои и слаба документираност на и онака нетранспарентните постапки со преговарање без објавување оглас, ангажирањето надворешни лица и фирми за спроведување на јавните набавки носи високи ризици од судир на интереси и корупција, покажува Извештајот.

По овј скандал реагиаа и докторите. Ненад Лазаров за Алфа рече дека после ова, дефинитивно во Македонија не може да има функционален здравствен систем, зашто наместо подобрување, само се руши она што е останато. 

  • „Не спиевме со денови за да обезбедиме и донираме заштитна опрема, штампаа луѓе на 3Д принтери заштитни визири со ноќи за да помогнат, без пари да побараат, дури и фабричко производство организиравме и делевме бесплатно, со лични коли од Пехчево до Ресен, плачеа и молеа колеги за помош, секоја едно парче заштитна опрема го споделивме, додека некој профитирал дебело а други лечеле фрустрации од мал пенис со купување аута на народна сметка. Ако ова не е ратно профитерство, не знам што е, арам да ви е“, вели за Алфа доктор Ненад Лазаров.

Високи ризици од корупција и судир на интереси во набавките за КОВИД-19 забележале и во Антикорупциска, од каде што велат дека работеле на расчистување на случаите што се однесува до јавните набавки.

  • Областа јавни набавки е високо ризична област од корупција, и затоа таа е дел од националната стратегија за борба против корупција. Во оваа област ние сме утврдиле низа неправилности. Во текот на вчерашниот ден од Центарор за граѓански комуникации беше утвредно како за исти производи, како оператори плаќаат различни цени, и тука се фаворизира одреден економски оператор, вели меѓу другото за Алфа Билјана Ивановска од Антикорупциската комисија.

И додека државата се расфрла со народните пари, енергетските експерти по кој знае кој пат потврдуваат дека не чека тешка зима, со високи сметки за струја и парно.

  • Зимата како зима – тешко на граѓаните, кои немаат пари. нема да има забава, нема ништо да има, за да може да се платат сметките за струја. Веќе од есен ќе не чека ново поскапување. Владата која не водеше сметка порано ќе треба да позајмува пари, и така ќе си биде се во круг, трошоците ќе паднат на наш грб и со господ напред, вели меѓу другото за Алфа професорот Константин Димитров.

Без план и без речиси никаква реализација се трошеле и парите за помош на туризмот во Македонија. Тоа покрај што резултирало со недоискористување на предвидените средства, удел имале и надлежните институции кои биле  незаинтересирани за реализација на проектите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста