Државата го згази туризмот: работат само помалите хотели, големите ставија клуч на врата

Најбрзорзорастечката гранка од еконимијата-туризмот, се соочува со тотално игнорантски однос на државата.Оставени сами на себе,тоа ги натера хотелиерите да ги затврат капацитетите.Од средината на овој месец сите поголеми хотели, брендови на охридско-струшката ривиера се затворени, едвам живуркаат само помалите капацитети.

„Сите хотели генерално ќе затворат, значи нема причини зошто би останале отворени. Прво нема побарувачка апсолутно, второ сметките за струја си го земаа данокот .Најавите за заворањето се резултат на тоа дека ние сме принудени да работиме без помош.Во моментов ако треба да се патат 4 пати повисоки сметки за струја, а немате приход, вие реално сте принудени да затворите“ – вели Ана Дудановска – хотелиер.

На прагот на новогодишните празници кога капацитетите во околните земји се закупуваат, резервации за македонските туристички центри нема,постои интерес но не и склучување на аранжмани.

-Интересот ја диктира цената која што се нуди на пазарот,ние бевме принудени оваа година да ги покачиме цените на аранжманите за 40% поради зголемените трошоци-велат хотелиерите.

„Ако ние име поголема цена, автоматски интересот е помал. Има дестинации кои претпоставувам дека се поефтини заради тоа што во одредени држави како Бугарија на пример, државата субенционира дел од трошоците за електрична енергија на големите капацитети, така што тие се во можност да дадат пониски цени за разлика од нас“ – вели Дудановска.

Ако државата нема интерес да одговори на барањата на хотелската асоцијација да бидат ставени во таа субвенционирана категија како помалите претпријатија,тогаш нека го следи примерот на соседна Грција и Хрватска каде хотелите работат 6 месеци во годината,останатите 6-се затворени.Но вработените не се прогласуваат за технолошки вишок,туку  државата им обезбедува егзистенција да останат на своите работни места и во месеците кога хотелите не работат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста