Дојави за бомби кај претседателот Пендаровски, дузина институции, музеи, хотели, училишта и стамбени згради

 Граѓани на улица, откажани настани, кучиња трагачи во половина од објектите. Ваква беше утринава сликата во главниот град откако музеи, хотелски објекти, училишта, железничката станица, медиуми , а за прв пат и Вила Водно добија порака со заканувачка содржина .

МВР ја заврши  и утврдено е дека дојавите се лажни.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, известија од МВР.

Во содржината која била испратена до дел од медиумите стои пораката „ Нема да застанеме“ .

Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“. 

 Ваквата  порака  била насловена како „ закана“ , пренесува порталот 360 каде била испратена.  Во  пораката било наведено во кои објекти биле поставени експлозивни динамити.  Посочени беа Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ.

Заканувачка содржина била испратена и на мејлот на Министерството за внатрешни работи, ама зградите на медиумите и на МВР не биле наведени како објекти кои имаат бомба.  

Сагата со лажните дојави за бомби започна во октомври минатата кога беа испразнети осум скопски училишта. Од тогаш па навака , дојавите продолжуваат но, не само во училишта туку и во останати објекти, а и во државни институции. 

Надлежните веќе петти месец откако се случи првата дојава ни кажуваат дека работат на расчистување на случајот, но до сега не видовме никаков напредок.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста