Дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје и во Куманово

Психолошкоит терор врз македедонските ученици продолжува. Наместо со џагор и смеа, изутрината дури 49 училиштата во Скопје и Куманово останаа празни откако беа евакуирани поради најновите дојави за бомби, што претствува најголем број досега.
17 основни и 22 средни училишта во Скопје, додека пак во Куманово дојави имаше во 8 основни, еден клон на училиште и едно средно училиште.

Во училишните клупи и денес наместо ученици имаше анти-тереристички единици и нивните полициски кучиња, кои по извршените проверки, утврдија дека повторно станува збор за лажни дојави за поставени бомби.

Покрај главниот град, дојави за бомби досега имаше и во Кавадарци, а денеска, за прв пат, на мета на дојавувачите се најдоа и училиштата во Куманово.

Македонските училишта со месеци се соочуваат со дојави за поставени бомби, а наместо идеи и решенија за подобра и поквалитетна настава, родителските совети и училишните раководства прават планови за безбедни евакуации.

Дојавувачите постојано ја менуваат стратегијата. Освен средни и основно училишта, анонимни дојави за бомби досега имаше и во трговски центри, институции, како и стамбено-деловни комплекси.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста