Дојавите за бомби мистериозно исчезнаа – дојавувачите не се откажаа туку власта реши да ги игнорира

Два дена мирно – без дојави за бомби. Дали дојавувачите се на пауза или кренаа раце? – останува непознато. Алфа постави прашање до МВР дали денеска имало некаква закана но, досега не добивме одговор. Од таму последно што објавија е дека полицијата нема да информира дали училиштата добиваат пораки за поставени бомби туку јавноста ќе дознае само за реални закани.

Дел од родителите кои веќе имале состанок со настаниците во училиштата за Алфа брифираат дека неофицијално МВР побарало од директорите на училиштата да ги избришат службените мејлови но тоа не било прифатено, и сепек пораките нема да се игнорираат.

Инаку, веќе почна да се применува новиот протокол кој е класифициран како строго доверлив. Во училиштата не е дозволен влез на родителите, објектите ги обезбедува полицијата, а тоа го прави и приватното обезбедување.

И градинките добиле протокол за постапување при евентуални дојави за поставени бомби.

Според експертите со новите протоколи се очекува да се стави контрола на ситуацијата со лажните дојави.

-Со новите протоколи ќе се олесни работата и на училиштата затоа што училишната година се ближи кон крајот но и за полициските службеници кои со ограничени ресурси мора понекогаш да направат во еден ден и по 30 проверки на различни локации, изјави – Никола Дујовски – Факултет за безбедност.

Од 19 октомври минатата година заклучно со вчера со лажните дојави во земјава биле опфатени повеќе од 520 објекти.Полицијата досега не најде ниту еден сторител.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста