Домашното производство на месо и млеко под знак прашалник

Се’ позагрижувачкиот тренд на намалување на сточниот фонд во земјава, најмногу заради инертноста на државата, се’ поизвесно е дека лесно може да го доведе во прашање домашното производство на месо и млеко. Освен дефицит од храна, таквиот тренд ќе доведе и до згаснување на многу мали, традиционални стопанства, предупредуваат македонските сточари.

   „Сточниот фонд нагло се ништи. Моментално во Пелагонија и општина Битола во 19 села останаа три буљуци овци и екриза за јагне. Ѐостанува многу маслку крупна стока. Во четири села за 25 дена се продадоа 1.200 грла крави.Тука, ќутат млекарите, а 4 млекари губат 5.000 литри млеко дневно. А тоа го ќутат оти носат од извоз“, – вели ТОНИ ПЕТКОВСКИ, сточар од село Велушино, битолско.

   Тие обвинуваат дека нашето млеко или не се откупува, или се откупува по многу ниски, производствено неисплатливи цени, иако, како што тврдат, домашното млеко е далеку поквалитетно од увезеното. Реагираат и на замрзнувањето на цените на млекото и млечните производи.

  „Глупост.Тие ги кренаа 100 насто цените, едно кило кашкавал дојде 800 денари, а сега 10 насто ќе го намалеле, а згора на тоа сакаат и нашето предадено млеко да го намалат. Ние не добивме ништо со тоа. И нема ни да добиеме. 98 година беше 30 денари млекото, една крава да ја купиш беше 1.500 марки, сега е 1.500 евра, тогаш беше 25 ден. литар нафта, сега е 80 денари“, – посочува Петковски.

  „Замрзнување на млекото ?! Не е замрзнување на млекото. Тие ги кренаа малопродажните цени по дуќаните 500 насто. Значи, не е замрзнато млекото, замрзнато е млекото на откупот на сточарите и сега кажуваат 2-3 денари да го намалат, и пак ќе му дојди околу 30 или под 30 ден. ќе му дојди млекото“, – кажа ГОЦЕ КАНТАРОВСКИ, сточар од Могила.

   Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во споредба со 2021 година, вкупниот број на говеда е намален за 7.2 %, главно кај индивидуалните земјоделски стопанства. Заради сето ова и се стравува дека Македонија се’ повеќе станува увозно зависна земја за храна, алармираат македонските сточари и тврдат дека сточниот фонд во државава, реално е намален за околу 40 проценти.

   Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста