Домашни компании: Не можеме да допреме до слободните зони, бенефиции има само за странците

Домашните компании дискриминарани во однос на странските инвеститори. Тврдат дека отварањето на нови фабрики во слободните индустриски зони, за нив преставува нелојална конкуренција која вештачки ја создава државата.  Бенефитите кои ги добиваат странските инвеститори, а се чуваат во строга тајност  не се во корист на македонската економија. Повластиците  кои ги уживаат странците се на товар на граѓаните , но и на пензиско-здравствените фондови.

   „Нашата држава губи. Овој работник за кој во нашите конфекции се плаќа придонеси и даноци ќе отиде кај нив за него ќе биде ослободен  за 10години, ако е така, бидејќи не смее информрани и не знаеме под какви услови доаѓаат. Ако е така ќе се намалат приходите во здравствените и пензиски фондови и наместо да се подобрат условите ќе биде уште полошо„ изјави Ангел Димитров од Организација на работодавачи на Македонија.

 Македонските стопанственици велат дека државата треба да има јасна слика и стратегија и ваквите компании да се отварат во региони каде процентот на невработеност е поголем. Еден од клучните проблеми со кој ќе се соочат е одливот на квалификувана работна сила, која се повеќе недостасува..

  „Тоа е нерамномерна борба. Ние се согласуваме да не се плаќаат придонеси за работници кои се земаат од Агенцијата за вработување. Ако таа фирма вработи луѓе кои бараат работа нека користат бенефеции. Но такви луѓе нема. Во нашиот Завод нема такви невработени„-изјави Кирил Нашков, од Текстилниот кластер.

 Домашните стопанственици се децидни дека власта конечно треба да излезе со јасна анализа за да се увиди колкави се бенефитите од странските инвеститори, односно колку вложуваат и што добиваат за возврат.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста