Документите на граѓаните до крајот на годината мора да имаат „Северна“ на нив и да станат двојазични

Сите граѓани на Македонија до крајот на годинава ќе мора да ги сменат документите за идентификација за да се стави новото име, но и за да станат двојазични.

-Следната 2024-та година е рокот во кој што треба да бидат заменети личните документи, бидејќи дадовме рок при примената на Уставот на Македонија и законот за јазиците, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Цената за промена на документите сепак ќе биде на товар на граѓаните, но според спасовски тие како влада сториле се, тоа да не биде многу.

-Во однос на цените, ние објаснивме дека за 90 проценти се зголемени цените на репроматеријалите и затоа направивме зголемување кое што не е големо, имајќи предвид дека утврдивме два вида на цени. Оние кои ги менуваат пасошите на пет години, значи до 27 години, имаат иста цена на услуги, додека за остатокот имајќи предвид дека е 10 години важечкиот документ, цената е зголемена незначително за да можеме практично да ги остваруваме тие функции- изјави Спасовски.

Во истовреме, тој најави дека од денеска уверение за државјанство и во електронска форма.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста