Дождот минимално го исчисти воздухот, Скопје се „спушти“ на 26. место во светот

Во Скопје малку полесно се дише, главно поради времето, нема магла, има малку ветер, што не значи дека отровите во воздухот ги нема. Напротив, делови од Скопје повторно се длабоко во црвено – што означува ниво на екстремно загадување. Овој проблем кој и натаму не држи на неславниот врв во светски рамки никако да се реши. Дали поради несакање, незнаење или нешто трето сеедно, оти на граѓаните веќе им е преку глава да слушаат оправдувања и фалби дека се работело.

Старо оправдуивање за стар проблем. Граѓаните и годинава се гушат во загаден воздух, а надлежните повторно се правдаат дека причините за рекордните отровни честички во атмосферата биле поради старите автомобили и грејната сезона. Граѓаните се револтирани што и натаму живеат во метропла која никао да се спушти од врвот на неславната светска листа на загадувачи. Граѓаните реагираат дека повеќе се зборува, откаколу што се прави за решавње на проблемот.

  • Катастрофа, ова е невидено, надлежниве ништо не прават, тоа се гледа, но јас би рекол и дека не сакаат ништо реално да направат, зашто да сакале тоа ќе го направеле до сега. Овој проблем нее од вчера, затоа ова е страшно, мора да се покаже сериозност, реагираат граѓани пред камерата на Алфа.

Надлежните тврдат дека работелее, но прашањето е зошто и натаму отровниот воздух никако да се исчисти. Конкретно објаснување немаат, освен она на кое до сега навикнавме, колите по улиците, загревањето, но и неконтролираното градење.

  • Домаќинствата, колите, сообраќајот, градбите, тоа е сериозен проблем за загаденоста, односно за загадување на животната средина. Вие гледате дека поголем период немаме врнежи и сите емисии на честички паѓаат на патиштата, возилата ги креваат во воздухот и загаденоста е висока, вели за Алфа првиот човек на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски.

Првиот човек на Инспекторатот за животна средина додава дека индустријата не била причина за загадениот воздух, зашто добар дел од фабриките не работеле, а оние кои работат – Цементарница „Усје“ и Железарница „Мак Стил“ еколошки работеле.  

Само лани, Инспекторатот изрекол казни од 600.000 евра кои ја загадувале животната средина и тоа за фабрики од прехрамбена индустрија, но и неколку рудници. Сите овие капацитети биле санкционирани и дадени на суд, вели Стојковски.

  • Казните се изречени за неколку рудници, за неколку фабрики за прехрамбена индустрија. Овие фабрики се казнети, околу 300.000 евра имаат веќе платено, и сега се дадени на суд, санкции секако дека има, додава Стојковски за Алфа.

И додека надлежните алармираат дека состојбата е загрижувачка, граѓаните со душа чекаат да видат сонце и колку толку да подишат почист воздух. Скопје и натаму е еден од најзагадените градови во светот. Страницата „Ај Кју Ер“, постојано објавува дека главниот град на Македонија се наоѓа високо на листата на најзагадени градови.

Инаку, државата не знае каде се трошат парите од еколошките такси – од 2019 до 2021 биле собрани 13,6 милиони евра од даноци за загадување, за искористување ресурси и транспортни даноци, но колку од нив се вложени за заштита на животната средина нема конкретни информации. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија објавен на крајот на 2022 година, покажува фрапантни пропусти околу еколошките надоместоци.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста