Додека народот е на улица да ја брани македонија, министрите од кафеани водат политика.

Бифтеци, печења, калифорниски пастрмки пропратени со висококвалитетни вина на сметка на министерски потпис. Бојан Маричиќ како Министер за правда квалитетно одбирал што ќе јаде – за една година во кафеана потрошил околу 5,000 евра  објави порталот А1 он. Мк.

 Службената картичка на терминалите во познати скопски локали ја „ поминувал“ и до три пати месечно, а од службените ручеци седум биле заради работни состаноци и се платило 85. 000 денари или околу 1300 евра, а според објавата Маричиќ  и неговите гости се големи  љубители и на кафе – на месечно ниво за кафе во скопски локал  се потрошиле  43 190 денари.

Народната „најуспешните зделки се склучуваат во кафеана“  изгледа е вистина судејќи по реакцијата која Маричиќ ја испрати до порталот. Тој тврди дека со 5000 евра кои ги потрошил во кафеана на службени средби успеал да обезбеди успешен Попис и дури да обезбеди странска помош од 12 милиони евра за дигитализација на судство .

За време на средбите за кои биле потрошени 857.5 денари дневно или 313.603 денари годишно, ја информирам јавноста дека во текот на 2021 година преку работни состаноци успеав да обезбедам 12 милиони евра странска донаторска помош за реформи во проавосудниот систем, поточно за дигитализација на судовите, која веќе успешно се реализира.   Исто така, за време на работната агенда како министер во 2021 година под моја координација, а секако во реализација на Државниот завод за статистика после 20 години беше реализиран успешен Попис во нашата држава, напиша Бојан Маричиќ

Не дека „ аздисувањето“ на власта е новина за народот.  Пред 6 месеци , новиот премиер си ја „поднови“ кујната во Владата со златен прибор. Една чинија во владата чини 88 евра, а  еден нож 10 евра. За квалитетна храна Владата се погрижи и во јануари кога одлучи да потроши 7.658 евра на  првокласни лешници, индиски ореви и фстаци веројатно по досегашните примери на институциите. Во време на пандемија и економска криза , Радмила Шеќеринска како прв човек на Министерството за одбрана набави апетисани во вредност од 900. 000 денари.

Не само што се хранат квалитетно, владините функционери преферираат и да се возат во најнови возила.  Антикорупциска објави дека за три години државата за автомобили за лизинг потрошила еден милион и 756 илјади евра, а  податоците од Центарот за граѓански комуникации говорат дека  за три години се потрошени над пет милиони евра за лизинг за автомобили. Како што од  2013  до ден денес не слушнавме зошто не уверуваат дека лизингот е поисплатлива варијанта, така освен пораки да се троши рационално никогаш не видовме некој да понесе одговорност и навистина да почне да штеди.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста