Додека земјоделците ги напушаат полињата, министерот Николовски се фали со напредок во сите сегменти

Додека земјоделците се жалат дека се на работ на егзистенција и полињата ги заменуваат со работа во странство, министерот се фали дека состојбата во секоја гранка е речиси подобрена.  Годинава  нема да има проблем ниту во делот со обезбедување со житни култури,  порача денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Речиси за околу 8000хектари се зголемени површините посеани со пченица.

Првичните податоци од министерството покажуваат зголемени површини, но бројките ќе ги анализираме и ќе ги објавиме. Од друга страна, секоја година еден дел од пченицата се увезува, бидејќи го нема тој дел на квалитет„изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски

Според министерот за 300% се зголемени субвенциите за одгледувачите на ориз, а максимална поддршка и рекордна цена добиле и лозарите. Но земјоделците, не го делат неговото мислее. Од Националната земјоделска мрежа што вчера беше промовирана во Облешево истакнаа дека не се задоволни од развојните политики, што е причина за многу земјоделци да ги напуштат полињта..

Почнаа да ги копачат лозјата. Видете до каде стигнавме. Ги оставаат ниту се враќат, ниту се кроат. Лозарството, како и сите други гранки умира„ изјави Тане Гошев, лозар од Тиквешијата.

Земјоделците бараат пред стартот на секој сеидба државата да утврди реална откупна цена и да имат загарантиран откуп

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста