Догодина ќе плаќаме зголемени даноци и поголем ДДВ, државата планира да собере дури 54 милиони евра годишно, народни пари

Државата нема пари, се задолжуваше буквално за се, а кој знае колку милиони отидоа на сомнителни тендери. Валста дупката ќе ја полни од џебот на граѓаните и бизнисите преку повисоки даноци. Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека очекуваат со новите даноци да соберат околу 54 милиони евра годишно.

Државата планира да собере дури 54 милиони евра годишно од зголемените даноци, кои на сила треба да стапат од 1-ви јануари. Новите измени на даночната политика предвидуваат да се плаќаат придонеси за договорите на дело, да се укине највисоката месечна пресметка на социјалните придонеси, да нема поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд. Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на брифинг со новинарите кој ги презентираше новите даночни реформи. Министерот најави и укинување на даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка за фирмите, како и воведување данок на каматите на штедните влогови.

  • Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со 2% годишна камата, тоа значи имам добивка 2 илјади денари годишно. И сега би платил 10% данок, значи 200 денари годишно, кон државата.“ рече Фатмир Бесими, министер за финансии.

Прогресивниот данок кој требаше да се воведе од 1-ви јануари, планирано е да биде одложен. Реформи ќе има и кај ДДВ-то, но за сите овие решенија министерот рече дека допрва ќе се дебатира, зашто не било се дефинитивно. Секое решение, вели, ќе има рок за имплементација од шест месеци.

Тој додаде дека собраните приходи ќе се искористат за инвестиции во здравството, енергетските капацитети, патната и железничката инфраструктура.

Стопанството веќе се изјасни дека е против воедување на нови давачки во време кога државата тоне во криза и на врата тропа тешка зима. Апелираат надлежните најпрво да работат на сузбивање на сивата економија, а дури потоа да се разговара за било какви промени во даночната политика.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста