Дневната шема најпопуларна: Кафулињата преполни а вечерва мнозинството скопјани дома

Последниот ден од 22та ги наполни кафулињата низ Скопје. Можеби и релативно топлото време за овој период си го направи своето, па преполно беше и пред кафулињата и кафеаните, не само внатре.

Денски многу пополно отколку што вечерва ќе биде, дневната шема стана традиција. Скопјани со музика ја испраќаат 2022 и со желба новата година да биде исполнета со повеќе љубов и среќа.

Секој на свој начин ја дочекува новата година. Дури едни во весела атмосфера и со гласна музика се забавуваат во кафулињата и кафеаните, други ќе ја пречекаат 2023та во топлината на домот, опкружени со семејството или најблиските пријатели.

Сите се во исчекување стрелките на часовникот да се сретнат во 12 часот на полноќ и да ја споделат радоста и желбата за поУспешна и посреќна нова година.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста