ДКСК: БОЧВАРСКИ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СОПРУГАТА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА, ПА ОБЕЗБЕДИЛ УРЕДБА ЗА ДА ГО ОЗАКОНИ ВРАБОТУВАЊЕТО

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги заобиколил законите и ја вработил сопругата и балдаза во државната Штипска болница. На брза лента откако завршиле високо образование, сопругата на Бочварски и нејзината сестра од приватна болница, експресно преминале во државното. Како оправдување дека не станува збор за непотизам и негово влијание како министер, Бочварски еден месец по вработувањето обезбедил владин заклучок со кој сета приоцедура сега ја прогласил за законска.

  • Станува збор за блиски лица, сопругата и сестра на сопругата, и истите во релативно кратко период, по завршува на струдиите и стекнување на диплома се вработиле во Приватна здраствена установа во Штип. Недолго после вработувањето, односно два три месеци, истите се преземени врз основа на член 164 став 2 во Клиничка болница Штип во различни оддели..

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство. Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.  

  • Спогодбата за преземање на двете лица е 18.06.2022 а распредели во ЗУ Штип, на 19.06.2022 а еден месец подоцна владата ја преземала оваа одлука. Можеби се брзало да се искористат овие слабости. Не вршил влијание бидејќи се работи за министер за транспорт и врски. Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска.

Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здраствена заштита.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста