Дијабетичарите молат за терапија – министерот за здравство „мува не го лази“

Владата нема слух за барањата на сојузот на дијабетичари кои немаат достап до целосна терапија што им е потребна секојдневно да ја примаат а таа што ја има не се доставува на време во аптеките па пациентите чекаат со денови да ја купат. Дијабетичарите бараат апаратите за мерење шеќер и лентите да може да се купат во аптека, а не да се набавуваат тендерски, но уште немаат одговор од Министерството за здравсто. Првиот човек Беким Сали  веќе шест месеци се обидуваат да го искомуницираат, но ништо. Денеска му се обратија на премиерот Ковачевски.  

Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала, изјави Диме Велев – претседател на СЗДСМ

Во Македонија животот на 600 деца дијабетичари до 18 години, се комплетно зависни од терапијата.  

Порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1, изјави Наташа Деспотовска Димитриева, претседателка на Баланс МК

И другите градови се слабо снабдени со терапија, сепак во Скопје најмногу се чека.

За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат, изјави изјави Диме Велев – претседател на СЗДСМ

На крајот, од сојузот на здруженија на дијабетичарите сепак ја пофалија терапијата како најсовремена до сега, за разлика од минатото.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста