Дијабетичарите во Штип веќе втора недела не можат да дојдат до инсулин

Околу 200 дијабетичари во Штип веќе втора недела не можат да дојдат до потребниот тип на инсулин. Поради тоа што типот „Рајзодек„ го нема во штипската Клиничка болница, ќе бидат приморани шеќерот во крвта да го регулираат со друга заменска терапија.

„Требаше да земам пред неколку дена, нема. Ми рекоа за денес, дојдов и пак нема . Сакат да ми ја сменат терапијата. Јас ставам два типа едниот Рајзоедк, два пати дневно, а другиот на пладне сама си го ставам„ изјави пациентка која утринава чекаше пред Центарот за инсулнска терапија во штипската болница.

Од штипската Клиничка болница го потврдуваат недостатокот. Во соопштението што го испратија  до медиумите информираат дека за него има замена и доколку се јави потреба , ендокринолози ќе може да ја корегираат терапјата, се со цел да нема прекин во користењето на инсулин. Но пациентите се категорични, си го барат инсулинот од кој се чувствуваат подобро.

„Јас не сакам замена. Со овој тип ми се регулираше шеќерот. Не сакам! Они експширименти ли ќе прават со нас„ вели пациентка.  

Но освен инсулин, во штипската Клиничка болница нема апаратчиња и ленти, се жалат пациентите кои се приморани да си ги купувааат на приватно. 

„Јас многу време сум без апарат. Ленти нема воопшто. Апарат зимам од соседот и сега немаме ленти ни јас ни соседот„ вели друг пациент.

Кога дијабетичарите ќе добијат лентички  за мерење на шеќер и инсулинот тип „Рајзодек„ од болницата не можеа да кажат, со образложение дека за нивната набавка и дистрибуција надлежно е Министерството за здравство. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста