Директорот на Трауматологија контра пациентите: Толку ни овозможуваат условите

Иако пациентите се погласно се жалат на долгото чекање, кое може да биде и до една година, за имплантирање на колк или колено, директорот на Трауматологија и ортопедски болести, Александар Трајановски вели дека нема друго решение бидејќи  толку им дозволувале условите, од причина што имале само три операциони сали и две смени.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, пак ги повика лекарите да го следат позитивниот пример од Ниш каде хирурзи со месеци работеа секој викенд без паричен надомест за да ја исчистат листата на чекање за операции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста