Директорот на битолскиот затвор позитивен на Ковид-19

Директорот на Битолскиот затвор Драган Крајовски е позитивен на корона вирус, потврдуваат за „Плусинфо“ од Управата за извршување санкции. Крајовски вчера го добил тестот, се чувствувал добро и веќе е во самоизолација.

Од Управата за извршување санкции велат дека освен директорот, никој од вработените во затворот во Битола не е заразен, бидејќи ги почитувале протоколите за заштита од вирусот. Со затворот сега директорува заменикот на Крајовски.

Тоа што директорот е позитивен на Ковид-19 не претставува никаква опасност за осудениците, бидејќи тој немал контакти со нив. Состојбата во затворот е под контрола. Заврши реновирањето на затворот, но сѐ уште немаме добиено дозвола за употреба. Осудениците не се во затворот, туку во отвореното одделение, надвор од затворот – велат од Управата за извршување санкции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста