Директорот на АНБ повикан во Собрание: Ќе се бараат одговори за Онишченко и како секој втор криминалец добива македонски пасош

Како обвинет за криминал вреден половина милијарда евра, кој се наоѓа на црниот список на САД, доби македонски пасош? Како Агенцијата за национална безбедност донела позитивна оценка дека лице со вакво досие, кое Шпанија решила да го екстрадира назад во Украина, може да добие македонско државјанство? На овие прашања поврзани со Александар Онишченко, во Собранието ќе треба да одговора директорот на АНБ Виктор Димовски, ако позитивно одговори на поканата да присуствува на седницата на собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата со која раководи.

ТО-Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонси пасоши. Веќе имам чувство дека секој втор хохштаплер и криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е еден сериозен предизвик, сериозна аномалија во безбедносно разузнавачкиот сектор во државата, изјави Љупчо Пренџов.

Навистина е чудно и скандалозно како АНБ дале позитивно мислење Онишченко да добие македонски пасош, ако се знае дека со обично пребарување на интернет може да се види дека против него има сомнежи истраги за корупција, кривични дела, но и проституција на избори за МИС. Според пратеникот Љупчо Пренџов време е граѓаните да дознаат кои се условите под кои светски криминалци добиваат македонски пасоши.

-Граѓаните треба да знаат што се случува, на кој начин се издаваат овие државјанства, бидејќи сметам дека не само што го нарушуваме нашиот безбедносно- разузнавачки систем, дека не му правиме добра услуга на колективитетот на НАТО, бидејќи НАТО е силен колку што е најслабата земја силна во безбедносниот систем, изјави Пренџов.

Онишченко е последен човек со проблематично криминално досие за кој знаеме дека добил македонски пасош, но не е прв. Тука се и Седат Пекер, Јован Вукотиќ, Валид Иса Хмаис, Флоријан Мусаи, Стефан Ѓукиќ и Жељко Бојаниќ, кои се меѓу најбараните криминалци во светот, а пред две години беше објавено дека добиле македонски пасоши со туѓ идентитет.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста