Директорот на Агенцијата за филм тврди дека се е по закон иако рецензентите сами на себе си делеле пари

Директорот на Агенција за филм негира дека има корупција и судир на интереси при доделувањето народни пари за филмска продукција. Со еден куп документи тврдеше дека се било законски.

  • „Категорично да ги демантирам сите наводи кои беа исктакнати на вчерашната пресконференција, од причина што, ниту едно лице од споменатите нема никаков конфликт на интереси, ниту пак имало намера да има конфликт на интереси, како што спомена госпоѓата Тасева“ – Вели директорот на Агенција за филм, Лазаревски.

Сепак, документите кои вчера ги обелодени „Транспаранеси Интернешнл“ покажуваат нешто сосема поинакво. Спорните рецензенти се повлекле дури откако започнало чешлањето на работењето на Агенцијата за филм, а преходно самите себе си си поделиле дел од колачот тежок 4.2 милиони евра.

  • „Овие се состојби за кои шѕо директорот на Агенцијата за филм имал можност да ги избегне и требало да се спреведе една анализа за ризикот дали постои ризик некој да се посомнева во законитоста и легитимноста на постапката за доделување на средствата.“ – Вели Тасева од „Транспаресни Интернешнл“.

Но, судирот на интереси не единственото спорно нешто во работењето на Агенцијата. Алфа подолго време пишува и за други скандали, како на пример, чувањето на серијата „Црвениот поет“ во фиока со што се прекршува и договорот за нејзино финансирање.

  • „Ние не можеме да му ги одземеме правата на продуцентот и режисерот. Режисерот му ги има дадено правата на продуцентот, продуцентот ги поседува правата. Ние како Агенција за филм не можеме да земеме правата. Да бидеме на чисто, јасно.“ – Истакна Лазеревски.

Директорот тврди дека правата се кај продуцентот, но според Договорот доколку серијата не се емитува во рок од три години треба да биде бесплатно понудена на националните телевизии. Продуцентот не го прави ова, а во меѓувреме добива и нови проекти од Агенцијата за филм.

Агенцијата за филм веќе е под лупа и на Антикроупциската комисија и на државната ревизија. И едните и другите утврдија бројни нерегуларности во нејзиното работење, особено при финансирањето на големите филмски проекти.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста