Директорката на ФЗОМ не чувствува одговорност за хакерскиот напад, МВР ќе го бара кој е крив

Не чувстувувам морална одговорност за хакирањето, дење и ноќе бев тука со тимот за да го вратиме системот, директорката Магдалена Филиповска Грашкоска повеќе од час ипол објаснуваше зошто две недели нигде ја нема за да и одговори на јавноста што се случува во Фондот. Како и зошто се случил нападот не  одговори, а директорот на ИТ секторот бил на боледување поради стресот кој го преживеал овие две недели. Останатите негови 5 колеги не се појавија на брифингот со новинарите за да и помогнат на шефицата околу прашањата поврзани со сајбер криминал. Нејзиниот колега директорот Фатон Ахмети е на годишен одмор и не сакаше да ја коментира неговата одговорност.

Ние како земја не сме по ништо исклучителни во вакви напади кои се интензивираат после војната во Украина а со која трети страни целат да направат хаос во државниот систем и предизвикуваат паника и немир кај граѓаните. Сајбер нападите се случуваат и ќе се случуваат. Хибридното војување не е ново, буквално сите земји во светот се соочуваат со сајбер напади, и затоа овој период сме посветени на јакнење на нашата отпорност, работејќи и со други земји и стратешки партнери“, изјави Филиповска-Грашкоска, вели Магдалена Филиповска Грашкоска директор на ФЗОМ  

Во однос на откупот кој го барале хакерите, за кои веќе премиерот Димитар Ковачевски ја информираше јавноста, директорката се повикува на доверливоста на истрагата кои ја водат МВР и обвинителството. Единствено нешто што и го открие на јавноста е тоа дека податоците при нападот не се украдени и излеани, ама пак гаранции нема.

На враќање на системот работеле меѓународни ит компании за кои, според Грашкоска, исто така доверлива информација е колку чинат нивните услуги. Фондот постапил по насоките на ревизорскиот извештај, но нападот се случил пред да биде ставена заштитата на системот и демантира дека хакерите нападнале при миграцијата на податоците. Во стилот на премиерот Ковачевски се повика на хибридна војна и војната во Украина.

„Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска“, вели Магдалена Филиповска Грашкоска директор на ФЗОМ 

Истрагата треба да покаже кој е виновен за сајбер нападот и колку пари барале хакерите од Фондот.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста