Димовски за Алфа: Две третини од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа под притисок за Преспанскиот договор преку УЈП и правосудството, бев лично и јас, власта сега ја нема таа сила

Што не очекува на политичката сцена по вчерашната лидерска средба? Политичките лидери не постигнаа никаков договор, само си кажаа што сакаат да си кажат. Власта како свој врвен приоритет си ги стави уставни измени, а според она што можевме да го слушнеме, остана глува на барањата на опозицијата да се разговара за реалните животни проблеми на обичниот човек.

На оваа тема разговаравме со поранешниот пратеник Илија Димовски. Вели дека очекува да има притисоци да се гласаат уставните измени, но дека немаат сила за такво нешто како што имаа за Преспанскиот договор.

-Две третини од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа под организиран прогон од државата, некои беа од УЈП, некои беа со поднесување кривични пријави, со обвинителни акти, со влечење по судови, со разно разни понуди и притисоци. Не би сакал да зборам за други, можам за себе да зборам. Јас самиот бев изложен на десетици и десетици начини на добро и на лошо, да бидам убеден да гласам за Преспа. Но сега е друга ситуацијата власта е на заминување, ја нема таа сила, не верувам дека судските, обвинителските органи ќе бидат слепи послушници како што беа тој период, од друга страна овие пратеници сега кои што се го имаа сознанието дека можат да бидат изложени на вакви притисоци. Така да моите очекувања дека власта нема сила за такви акции за прогон, како што ги правеше претходниот пат.

Со Илија Димовски разговараше Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста