Димовски за Алфа: Благодарам на овие ненародни пратеници кои кажаа „Не“ за покачување на платите на работникот

Благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа „Не“ за покачување на платите на работникот, тоа се пратениците Марија Ѓоргиеска, Даниела Марковска, Диме Велкоски, Марија Кочоска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами кадрија и Панчо Минов кој не сакаше да гласа. Никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе гласот на работниците оставка одма, вели во разговор за Алфа претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.

Побара оставка и од заменикот министерот Филип Николовски, откако Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница не го одобри предлогот за линерално покачување на платите во јавниот сектор.

Со првиот човек на ССМ разговараше Борис Грујоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста