Димитриеска – Кочоска : Градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ постојано работат за граѓаните и нивните потреби

Изградба на памп трак со моторички парк, училишна балон сала, нова градинка во с.Ерџелија, пешачка патека,детски игралишта, асфалтирање на улици во Свети Николе и неколку села, набавка на противпожарно возило,  реконструкција на училишта, се само дел од проектите кои наредната година ќе се реализираат во Свети Николе. Иако буџетот на оваа општина за 2023 година е намален за 10милиони денари, тоа за светиниколскиот градоначалник не преставува проблем за реализирање на долгата листа со проекти.

  “Без дотации буџетот ќе ни биде околу 151 милиони денари и претпоставувам дека со последниот попис е утврдено дека населението е намалено од 19.000 на 15.000 жители, како и разни други пречки од страна на централната власт. Но, тоа не треба да биде причина да се правдаме пред граѓаните  и да кажеме дека ние не можеме да работиме понатаму. Напротив тоа ми е посебен стимунг“-изјави Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.

Најголем дел од проектите кои ќе се реализират наредната година се иницирани на средби од страна на граѓаните. Токму тоа е и разликата меѓу градоначалниците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Едните реализираат проекти за да се подобри животот на граѓаните, а другите само ако во нив гледаат извор на корупција и криминал, рече потпреседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа се осврна и на неколкудневните дебати во Собранието, поврзани со Буџетот, посочувајќи дека нашата држава е единствена во светот каде прво се дискутира за усвојување на нов буџет, без  претходно да се објават најавуваните даночни реформи.

  “Тоа е за мене поразително, требаше да оди прво даночната реформа па потоа да зборуваме за Буџетот. И вториот момент којшто е многу важен, нашите пратеници имаат предложено околу 260 амандмани. Тие амандмани во суштина се направени во координација со градоначалниците. Тоа се амандмани кои не можат да се реализират во рамки на локалната власт , односно градоначалниците не можат да ги вклучат во своите буџети. И од 260амандмани имаме ситуација од речиси не прифакање на ниту еден амандман“-рече Гордана Димитриеска-Кочоска, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Свети Николе.

Денеска заврши кампањата “Твојата идеја за промени“ каде што граѓаните даваа свој предлози и идеи за тоа како да се користат општинските пари.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста