Димитар Ковачевски по стапките на Ким Џонг Ун – посети на маркети и проверка на цени

Димитар Ковачевски по стапките на Ким Џонг Ун. Македонскиот премиер почна редовно да се слика и снима во супермаркети и продавници, како купува основни производи, како ги проверува замрзнатите цени, исто како што тоа со години го прави севернокорејскиот лидер. Првиот човек на нашата Влада не одговори конкретно на прашањето на Алфа, кој го советува да се однесува вака.

Премиерот купи леб. Премиерот купи макарони. Премиерот плати 328 денари во супермакет. Овие наслови се од Македонија, а не од Сверна Кореја. Сепак, ПР-от на Димитар Ковачевски во многу сегменти наликува на оној на Ким Џонг Ун. Двајцата се сликаат и снимаат по супермеркети како пазарат и како ги проверуваат цеите на производите.

Прашан дали Владата ќе носи одлука за замрзнување на уште некој производ и кој би бил тој, Ковачевски одговори дека доколку постои производ што ги исполнува условите тогаш Владата ќе донесе таква одлука, а доколку нема, нема да има ниту одлука за ограничување на неговата цена.

  • Кој го прави пиарот за замрзнувањето на цените на производите? Мислам дека изминатиот период и првиот човек на Северна Кореја, исто така, се сликаше со некои производи, меѓутоа, колку што знаме, вие сте премиер на Северна Македонија“, рече новинарот Борис Грујоски и дополнително праша кој производ следно ќе се продава по замрзната цена.

Ковачевски кажа оти ваквата констатација не е во ред, а потоа и тој направи споредба со Северна Кореја и му порача на новинарот оти да бил таму, не би можел ниту да постави прашање.

  • Сметам дека воопшто не ви е на место констатацијата во однос на тоа дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои се замрзнати со владина одлука. Нема да одговорам на вашата констатација бидејќи да сте во Северна Кореја, вие нема да можете ни прашање да поставите“, рече Ковачевски во одговорот на новинарот Грујоски.

Дека се повеќе зачестува праксата на самопромоција, говорат и активностите на

Премиерот од изминатиот период. Ако се вратиме малку наназад, ќе се потсетиме дека премиерот играше фудбал, во градинка се радуваше како мало дете, потоа јадеше тостови, па и сендвич со мортадела, а често користеше и најобичен народен речник на секојдневните партиски настани.

Според аналитичарите, ова е само обид за собирање политички поени, на начин на кој Ковачевскии сака да се покаже како обичен човек. Но и обид да се затскријат сите катастрофални политики на власта последниов период.

Инаку, според неофицијални информации на Алфа, владиниот ПР му го прави маркетинг компанија од Израел, чија цел е да помогне во кревањето на рејтингот на власта.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста